Најбогатиот пар на светот прави свадба во овој град! Еве зошто активистите, сепак, не се за тоа

Активисти во Венеција започнаа серија протести против Џеф Безос, основачот на технолошката компанија Амазон, кој следната недела треба да се ожени со својата вереница Лорин Санчез во Венеција.

Активистите во Венеција започнаа серија протести против основачот на Амазон, Џеф Безос, кој следната недела треба да се ожени со вереницата Лорен Санчез на раскошна церемонија вредна повеќе милиони долари, настан кој делумно може да го парализира градот.

Безос (61), третиот најбогат човек на светот со имот проценет на 220,9 милијарди долари, планира венчавка која, според италијанските медиуми, би можела да го „окупира“ целиот остров Сан Џорџо, спроти плоштадот Свети Марко. Луксузните хотели наводно се веќе распродадени, а за прославата која ќе трае од 23 до 28 јуни се резервирани и водени такси.

„Венеција се третира како прозорец, како сцена“, вели Федерика Тонинели (33), активистка од Венеција и членка на движењето „Нема простор за Безос“. „Оваа свадба е симбол на експлоатација на градот од страна на оние кои не живеат овде. Венеција сега е само средство.

Движењето обединува различни локални колективи, вклучувајќи активисти за подостапни станови, противници на линиите за крстарење и други кои се противат на претворање на Венеција во луксузна позадина.

Претходно, активистите развирија транспаренти против Безос во близина на базиликата Сан Џорџо Маџоре и познатиот мост Риалто. Тие, исто така, најавија активности за следната недела кога планираат да скокнат во каналите за да ги попречат таксите за вода и да ги блокираат тесните улички во Венеција (наречени „calle“) за да ги спречат гостите да стигнат до местото на свадбата.

Тие ги повикаа граѓаните да им се придружат на социјалните мрежи и го обвинија конзервативниот градоначалник Луиџи Бруниардо дека ги третира жителите како непријатност.

„За него Венеција е само позадина за настани кои носат уште повеќе пари за богатите.

Организаторите нагласуваат дека протестите се мирни и имаат две цели: да се започне дискусија за иднината на градот и да се испрати порака дека луѓето како Безос, кои го симболизираат „светот во кој не сакаме да живееме“, не се добредојдени. Тонинели ги критикуваше и неговите деловни потези и врски со администрацијата на Доналд Трамп.

Градоначалникот Брунјар рече дека протестите го „срамат“.

„Кој друг град би организирал протест против свадбата на толку важен човек? Се надевам дека Безос нема да се предомисли“, рече тој.

Протестите му штетат на градот?

Неговиот гнев го сподели и Сетрак Токаџијан, претседателот на здружението на трговци на плоштадот Свети Марко, велејќи дека протестите „му штетат на градот“ и додаде: „Ваквите настани носат бизнис и пари. Без нив, ни останува само туризам со се помалку пари“.

Безос и Санчез, поранешен водител и новинар, се свршија во 2023 година, и додека официјалните детали за свадбата не се објавени, активистите веруваат дека двојката ќе се венча во црквата од 10 век, Опатијата Мисерикордија. Во најексклузивните хотели и на луксузните јахти на Безос Кору и Абеона се очекуваат околу 200 гости.

Според магазинот „Вог“, меѓу гостите може да се најдат Ким Кардашијан, која присуствуваше на моминската забава во Париз, поп-ѕвездата Кети Пери (која полета во вселената со ракетата на Безос претходно оваа година) и членовите на семејството Трамп.

Тонинели истакнува дека венчавката само расветлува подлабок проблем: Венеција остана без своите жители. Поради претворањето на станбените области во туристичко сместување, се повеќе Венецијанци го напуштаат градот. Според групацијата Ocio, во 2023 година за прв пат бројот на туристи го надминал бројот на жители. Денес ги има помалку од 49.000, додека во 1950 година имало 175.000.

Иако градот минатата година воведе влезница за дневните посетители, критичарите велат дека тоа не го намали туризмот. Активистите велат дека не се против туризмот, туку против негова целосна комерцијализација.

„Исто така, сакаме да патуваме. Проблемот не се туристите, туку фактот што Венеција е експлоатирана и сè се заснова само на туризмот. Потребна ни е транзиција од градот како сцена за гламурозни настани, во град кој ги става жителите во центарот“, вели Тонинели.

Венчавката на Безос не е прв спектакл од ваков вид. Во 2014 година, актерот Џорџ Клуни се ожени со адвокатката за човекови права Амал Аламудин со раскошна прослава, но во тоа време немаше значителни протести.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни