Дестинации што треба да се избегнуваат
- Филипини (Палаван) – Во сезоната на тајфуни честопати има откажувања на летови, а покрај неповолните временски услови, дел од патниците пријавуваат и непријатни ситуации со локалното население.
- Камбоџа – Често се спомнува како несоодветна за жени кои патуваат сами поради чувство на несигурност на улиците и во одредени делови на земјата.
Најбезбедни дестинации за solo патување
- Швајцарија, Исланд, Сингапур и Јапонија – Познати по висок степен на безбедност, одлична туристичка инфраструктура и можност за истражување дури и ноќе, без страв.
Идеални за прво solo патување
- Париз, Италија, Бали – Туристички развиени и популарни дестинации кои нудат одлична комбинација на култура, храна и забава, а притоа помагаат патниците да се чувствуваат самоуверено.
Помалку познати, но вредни за истражување
- Лаос – Иако не е толку развиен за туризам како Тајланд или Виетнам, Лаос нуди недопрена природа, диви животни и гостопримливи локалци – совршено за авантуристички настроени solo патници.