Најави за силно невреме денеска во Македонија

И во Скопје  и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

По периодот на високи септемвриски температури, Македонија денеска и во ноќта кон понеделник ќе ја погоди силно невреме. Под влијание на атмосферски фронт од север и северозапад, во попладневните и вечерните часови се очекуваат поројни дождови, силни грмежи и засилен ветер.

Најмногу погодени ќе бидат северните и источните делови на земјата, каде нестабилноста ќе биде изразена со локални невремиња.

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења  и со услови за локална појава на град.

Иако дождот доаѓа како олеснување по пожарите, метеоролозите предупредуваат на можни поројни врнежи кои може да предизвикаат проблеми во одредени подрачја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни