Во Хрватска за овој петок се најавува нов голем бојкот поради драстичното поскапување на цените. Најавенен е бојкот на продавници, банки, кафулиња, достава…
“Голем бојкот, поголем од тој што беше минатиот пат, ќе се одржи во петок на 31 јануари. Ќе ги бојкотираме сите форми на купување. Воздржете се од купување во сите институции и организации. Мораме да испратиме порака и до оние кои се причинители на ова дивеење. Сакаме да испратиме порака и до банките. Не одете во банки, избегнувајте телекомуникациски услуги. Избегнувајте доставувачи. Не одете ниту во кафулиња и ресторани. Повикуваме на воздржаност. Тој ден не полнете гориво, не патувајте, не купувајте билети, не купувајте онлајн, не одијте ниту во дрогерии” – велат организаторите на протестите.
Бојкотот ќе опфати три трговски ланци и три производи во три недели.
„Тоа ќе биде голем сигнал и голем отпор. Предлагаме да се бојкотираат три трговски ланци низ три недели. Првиот ланец е Lidl и ги повикувам потрошувачите да од четврток не одат во Lidl, не им давајте ниту еден цент. Тоа го предложија потрошувачите. Обидете се да не купувате тој ден, ниту во петок, ниту една недела во тој дуќан. Вториот е Eurospin кој со своите цени рече дека ќе биде поевтин, но лажеле. Рекоа дека ќе имаат квалитетни производи, но имаше големи поплаки, пуштиле шунки кои биле нездрави. Има уште многу работи. Третиот ланец е DM“ порчуваат органозаторите.
Ова е втор бојкот во Хрватска. Минатиот петок, се одржа еднодневен бојкот на продавниците, трговските ланци и бензинските станици поради постојаното зголемување на цените, врз основа на иницијативата што започна од Фејсбук групата “Ало, инспектори”, која ја поддржаа здруженијата за заштита на потрошувачите, синдикатите, политичките партии, па дури и самиот министер за економија.