Најздравиот леб според нутриционистите: Можете да го јадете секојдневно без грижа за килограмите

Нутриционистите го препорачуваат ‘ржаниот и овесниот леб како најздрави. Богати се со влакна, даваат ситост и не дебелеат ако се јадат умерено.

Лебот долго време беше на лош глас како главен непријател на секоја диета, но експертите сега тврдат дека тој е и тоа како здрав. Нутриционистката д-р Ејни О’Конор тврди дека оваа намирница ги задоволува повеќе од 10 отсто од дневните потреби за протеини, фолати и железо, и дека има позитивни страни.

Имено, лебот содржи многу влакна, но тоа важи само за интегралниот, овесниот, ‘ржаниот и пченкарниот леб, бидејќи се богати со минерали и витамини од групата Б.

Што кажува бојата

Бојата не е сигурен показател за квалитетот на лебот. Темниот леб често е обоен со вештачки бои, па луѓето се во заблуда дека е поздрав од белиот и дека не дебелее. Но вистината е следна: најтврдиот и најжилавиот леб е најздрав!

Лебот не дебелее ако се јаде во разумни количини, односно 200–300 грама дневно – најчесто се дебелееме од она што го ставаме на лебот: путер, паштета, салама, мајонез или мармалад.

Ржаниот е најздрав

За жал, на лебот често нема декларација, па не можеме сигурно да знаеме што точно содржи. Затоа треба внимателно да се гледа од кое брашно е направен. Најпрепорачлив е ‘ржаниот леб, бидејќи содржи многу витамини и минерали, богат е со влакна, полесно се вари, а поради својот гликемиски индекс дава подолготраен осеќај на ситост. Одличен е и лебот од овесно брашно, како и оној збогатен со семки и јаткасти плодови.

Белиот најдобро е да се избегнува

Овој леб има најмала хранлива вредност и често содржи скриени количини шеќер и сол и има висок гликемиски индекс. Кога ќе изедеме парче бел леб, шеќерот во крвта нагло се зголемува, па потоа брзо паѓа – поради тоа чувството на ситост трае кратко.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни