За неговиот потпис и ангажман се водеше вистинска битка помеѓу Формула 1 тимовите, која ја доби тимот на Астон Мартин, каде што Њуи ќе заработува 30 милиони фунти по сезона во следните пет сезони.
Тој исто така добива и 2,5 отсто од акциите на тимот.
Со ваквиот економски пакет, Њуи станува најплатениот помошен персонал во било кој спорт, а во Формула 1 само шампионите Луис Хамилтон и Макс Верстапен заработуваат подобро од него.
Хамилтон од следната сезона во Ферари ќе заработува 43 милиони фунти годишно, додека Верстапен во Ред Бул заработува 34 милиони фунти. Останатите 18 возачи, вклчително и возачите на Астон Мартин – Фернандо Алонсо и Ленс Строл заработуваат помалку од Њуи.
РБ19, автомобилот со кој Ред Бул испиша историја, дизајниран од Њуи победи на 21 од 22 трки во кои настапуваше, што го прави најдобар болид во историјата на Формула 1, а интересен е и податокот дека болиди дизајнирани од Њуи победиле во 19,7 отсто од сите трки во историјата на Формула 1.