Нaјсиромашната земја во САД, наскоро ќе ја претрка Германија во  БДП! 

Мисисипи, најсиромашната држава во САД, е на чекор до надминување на најголемата европска економија – Германија – во однос на БДП по глава на жител. Ова го објави Euronews Business, кој ги спореди американските држави со европските земји.

Значи, БДП по глава на жител на најсиромашната американска држава е поголем од БДП на петте најголеми европски економии, без Германија. Сепак, Мисисипи брзо се приближува кон Германија. Податоците покажуваат дека БДП по глава на жител на Мисисипи заостанува зад германскиот за 1.524 евра. Во 2024 година, Германија беше трета по големина економија во светот, придонесувајќи со 24,3 отсто во вкупниот БДП на ЕУ.

БДП по глава на жител на Мисисипи е значително повисок од БДП на преостанатите четири водечки европски економии, надминувајќи ја Шпанија за 16.710 евра, Италија за 12.553 евра, Франција за 5.415 евра и Обединетото Кралство за 1.339 евра. Втората најсиромашна држава, Западна Вирџинија, имаше значително повисок БДП по глава на жител од сите пет европски земји, надминувајќи ја Германија за 5.270 евра.

Користени се податоците за 2024 година од извештајот за глобална перспектива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), објавен во октомври. За американските држави, користени се сезонски приспособени податоци од Бирото за економски анализи на САД (БЕА) за третиот квартал од 2024 година и проценките на населението од Бирото за попис на САД за јули.

Ако се земе предвид прилагодувањето според паритетот на куповната моќ (ППП), бројките и рангирањето значително се менуваат. Според ММФ, кој ги прилагодува овие бројки за американски долари, БДП по глава на жител во САД е 86.601 американски долари, додека просекот на ЕУ е 62.660 долари. Тогаш БДП по глава на жител, приспособен за паритетот на куповната моќ (ППП), во САД го надминува оној на сите земји на ЕУ, освен Луксембург и Ирска, кои се сметаат за исклучоци.

Меѓутоа, разликата меѓу американските и европските земји значително се намалува кога се приспособува ППП. На пример, германскиот БДП по глава на жител, кој е 55.521 УСД по тековни цени, се зголемува на 70.930 долари кога ќе се прилагоди за ППП.

Според Еуростат, високиот БДП на Луксембург „делумно се објаснува со фактот дека голем број странски работници придонесуваат за БДП на земјата, иако тие не се дел од постојаното население на Луксембург“. Помошник раководителот на Институтот за економски истражувања Nevin,Том Мекдонел за Euronews Business излави дека ирскиот БДП е искривен од даночните стратегии на американските мултинационални компании.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни