Најмалку 50 лица загинаа во пожар во трговски центар во Ирак

Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот, а гувернерот на покраината Васит, каде што се наоѓа градот Кут, истакна дека првите резултати од истрагата ќе бидат познати во следните 48 часа.

Најмалку 50 лица загинаа во пожар во хипермаркет во градот Кут во источен Ирак, објави Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција ИНА.

Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот, а гувернерот на покраината Васит, каде што се наоѓа градот Кут, истакна дека првите резултати од истрагата ќе бидат познати во следните 48 часа.

Пожарот ја зафати петкатната зграда во која се наоѓа трговскиот центар, а видеата на социјалните мрежи покажаа пожарникари како се обидуваат да го локализираат пламенот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни