Најмалиот парк во светот не е ниту еден метар долг

Паркот во Нагаизуми, Јапонија, официјално е прогласен за најмал парк во светот, со површина од само 23 квадратни сантиметри.

Овој мал парк се наоѓа во близина на градската општина Нагаизуми, на околу еден час возење од Токио. Создаден е во 1988 година, откако еден службеник од одделот за управување со изградба во Нагаизуми се вратил од патување во САД.

Таму наишол на Mill Ends Park во Портланд, Орегон, кој претходно го држеше рекордот со 94 квадратни сантиметри. Токму оваа приказна го инспирирала да создаде свој минијатурен парк, пренесува UPI.

Станува збор за парк кој се наоѓа среде раскрсница, а во најширокиот дел има дијаметар од само 61 сантиметар.

Историјата на најмалите паркови во светот

Паркот Mill Ends датира од 1948 година, кога на тоа место требало да се постави улична светилка. Бидејќи тоа не се случило со месеци, почнала да расте трева. Овој процес го забележал новинарот Дик Феган, кој го гледал од својата канцеларија. Конечно, решил да слезе, да засади цвеќе и да му даде име според неговата колумна во весникот Oregon.

Феган се грижел за паркот до својата смрт во 1969 година, но не доживеал да чуе дека седум години подоцна местото е официјално прогласено за градски парк.

Околу него подоцна е поставена минијатурна ограда и патоказ кој води до најмалиот парк на светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни