По периодот на високи септемвриски температури, Македонија денеска и во ноќта кон понеделник ќе ја погоди силно невреме. Под влијание на атмосферски фронт од север и северозапад, во попладневните и вечерните часови се очекуваат поројни дождови, силни грмежи и засилен ветер.
Најмногу погодени ќе бидат северните и источните делови на земјата, каде нестабилноста ќе биде изразена со локални невремиња.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења и со услови за локална појава на град.
Иако дождот доаѓа како олеснување по пожарите, метеоролозите предупредуваат на можни поројни врнежи кои може да предизвикаат проблеми во одредени подрачја.