N1 Србија ја врати контролата врз својот Инстаграм профил

„N1 им се заблагодарува на публиката за нивното трпение и поддршка“ стои во соопштението на телевизијата
Лого на Н1
N1

Инстаграм профилот на N1 Србија, кој беше исклучен поради координиран хакерски напад, обновен е денес околу 13 часот, информираше телевизијата.

Уредничкиот тим на N1 веднаш контактирал со поддршката на Мета, која итно почнала со обновување на профилот, кој со години е еден од најважните извори на сигурни и нецензурирани информации за публиката во Србија.

„Ова не е изолиран инцидент , туку уште еден во низата притисоци врз слободните медиуми и граѓанските иницијативи. Во последните недели, Инстаграм профилите на други медиуми беа затворени или компромитирани, студентските групи беа блокирани, а профилот на движењето „Крени-промени“ беше отстранет пред само неколку дена – сето тоа во време кога социјалните медиуми стануваат клучен канал за ширење информации надвор од контролата на режимот.

N1 им се заблагодарува на публиката за нивното трпение и поддршка“ стои во соопштението на телевизијата со седиште во Белград.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни