МЗШВ: Ајде да пошумуваме заедно – календар за пошумување

Шумите се нашите бели дробови, наше природно и национално богатство, кон кое сите ние треба одговорно да се однесуваме и да ги чуваме. Како министерство, наша задача, но и на сите нас како граѓани, е да се грижиме и да ги чуваме нашите шумски убавини и редовно да вршиме обновување со нови садници.

Годинешната акција за пошумување Ајде да пошумуваме заедно на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП Национални шуми има за цел засадување на 1.200.000 садници, во 19 региони, на 36 локации низ државата. Годинешната акција, започнува од овој месец и ќе трае се до март 2024 година и опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела.

Планираните активности за пошумување за ноември и декември се следните локации:

  • Во Делчево на локацијата Стар Истевник пошумувањето ќе се одржи на 13, 15 и 17 ноември. На оваа локација на површина од над 96 хектари, засадеини ќе бидат 275.360 садници на бел бор, смрча, црн бор и багрем, а кон акцијата за пошумување ќе се приклучат Сојузот на извидници на Македонија, учениците од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ и компанијата Телеком.
  • Во Берово на локацијата Будинарски рид пошумувањето ќе се одржи на 17, 20 и 22 ноември. На оваа локација на површина од 51 хекатар, засадни ќе бидат 102.000 садници на црн бор, бел бор и јасен. Кон акцијата за пошумување ќе се приклучат Халкбанка, КБ Пензинско друштво, учениците од СУГС „Орце Николов“ и Сојузот на извидници на Македонија.
  • Во Куманово на локацијата Кокино пошумувањето ќе се одржи на 26 ноември и 5 декември. На оваа локација на површина од 61 хектар, засадени ќе бидат 122.000 садници на бел бор, црн бор и ариз.чемпрес, а кон акцијата за пошумување ќе се приклучат Сојузот на извидници на Македонија и команијата ДМ Дрогерии.
  • Во Велес на локацијата Новачани пошумувањето ќе се одржи на 27 ноември. На оваа локалција на површина од 33 хектари засадени ќе бидат 70.000 садници на багрем, јавор и јасен, а кон акцијата за пошумување ќе се приклучи здружението Менендмаунтаин.

Нашата успешна соработка со општествено одговорините компании и грѓански здруженија ја потврдивме од минатата година, кога заедно во 21 регион пошумивме повеќе од 300 хекатри, засадувајќи над 800.000 садници.

Се повеќе општествено одговорни компании и здруженија на граѓани се приклучуваат кон оваа акција, но и со свои иницијативи за пошумување и збогатување на шумскиот фонд во државата. Една од тие убави иницијативи доаѓа од Халкбанка која изрази желба заедно со министерството и ЈП Национални шуми за реализирање на голема петгодишна донација на садници за пошумување, која треба да достигне вкупна бројка од 1 милион садници.

Зелената транзиција за нас е еден од петте клучно поставени приоритети за работа на министерството, а пошумувањето е една од нашите цели за успешно реализирање на зелените принципи. Да им оставиме на идните генерации чиста, зелена и европска држава.

Ги повикуваме сите граѓни љубители на природата да ни се приклучат во оваа голема акција за пошумување. Ајде да пошумуваме заедно, ајде заедно да ги чуваме и унапредуваме шумите. За нас, за нашите деца за нашата заедничка иднина.  

Извор: agrotim.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни