Министерството за внатрешни работи на Србија се огласи со официјално соопштение по серијата антивладини протести и инциденти што се случија вечерта на 15 август во повеќе градови низ земјата, со посебен акцент на Белград и Валево.
Според соопштението, вкупно се приведени 56 лица, од кои 16 се задржани под основано сомнение за кривично дело насилничко однесување на јавен собир или спортска манифестација. За 35 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави.
Статистика по градови:
Белград– 27 лица приведени, 1 лице задржано и 22 лица со прекршочни пријави
Валево– 29 лица приведени, 15 лица задржани, 13 лица со прекршочни пријави и 6 полицајци од Жандармеријата повредени (со полесни телесни повреди)
МВР нагласи дека сите инциденти се случиле за време на непријавени јавни собири, и упати апел до граѓаните да се воздржат од насилство и нарушување на јавниот ред и мир. Од Министерството порачаа дека безбедносните служби ќе продолжат со мониторинг и навремено дејствување при секој вид нарушување на законите.