Забрането е летање дронови на следните локации:
1. Плоштад „Македонија,
2. Улица „Димитрие Чуповски“,
3. Булевар „11 Октомври пред Собрание на РСМ,
4. Улица „Филип Втори“,
5. Булевар „Гоце Делчев“ до булевар „Илинден“ и
6. Пред Влада на РСМ.
„Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја. Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство“ велат од МВР.
Тие апелираат протестите да останат мирни, да се почитуваат одлуките од државните институции и наредбите и насоките од полициските службеници за обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани.
Останува нејасно зошто полицијата забранува летање со дронови на локациите каде што денеска граѓаните ќе го искажуваат својот став и гнев за трагедијата која одзеде 59 животи.