МВР излезе со детали за опожарувањето на синагогата во Скопје

Две лица на мотоцикл застанале пред синагогата во Скопје, едно од нив носело канистер со бензин, додека другото чувало стража

МВР информира дека вчера, 12.04.2026 во 07:22 часот во СВР Скопје Ј.Ј. пријавил дека на ул.„Апостол Гусларот” во двор од верски објект во Скопје забележал канистер за гориво и траги од горење.

Оттаму додаваат дека веднаш по добиената пријава од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Две лица на мотоцикл застанале пред синагогата во Скопје рано наутро во неделата. Откако ја прескокнале оградата, едно од нив носело канистер со бензин, додека другото чувало стража. И двете лица носеле заштитни шлемови, кои ги користеле за маскирање,

Претходно, претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, остро го осуди инцидентот, нагласувајќи дека ваквите дејствија не претставуваат само напад врз верски објект, туку и директен удар врз соживотот, достоинството и меѓусебната почит во македонското општество.

„Ова не е само напад врз објект – ова е напад врз вредностите што нè држат заедно како заедница“, се наведува во реакцијата.

Од Заедницата потсетуваат дека Евреите во Македонија, иако малубројни, имаат длабоки историски корени и со децении придонесуваат за градење на мир и солидарност.

„Живееме со свои верски традиции, но секогаш сме биле дел од заедничкото секојдневие – рамо до рамо со сите граѓани“, се наведува во соопштението.

Воедно, тие изразуваат сериозна загриженост поради зголемениот говор на омраза и нетолеранција во последниот период. Посебно се предупредува на тенденцијата македонските Евреи да се поистоветуваат со актуелните геополитички случувања на Блискиот Исток – појава која, според нив, е неправедна и опасна, и отвора простор за антисемитизам.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни