
„Вчера во 14:45 часот во ОВР – Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М., на возраст од 59 години, затоа што на магистралниот пат село Жидилово – Крива Паланка на патничко моторно возило „фиат панда“ врзал куче и го влечел. По целосно документирање на случајот, против З.М. поднесена е соодветна пријава“, појаснуваат од МВР.
Фотографии споделувани на социјалните мрежи предизвикаа реакции во јавноста и беа упатени повици за построги санкции за вакви и слични дела.