„Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ со Дино Имери и Дијана Имери Илкоска

„Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ е насловен конецрот на нашите реномирани уметници, пијанистот Дино Имери и маестра Дијана Имери-Илкоска кој вечерва во 20 часот ќе се одржи во камерната сала на Филхармонија.

Со камерниот оркестар ID составен од реномирани музичари тие ќе изведат музика од големиот романтичар и миленик на публиката, Фредерик Шопен. На програмата се: Балада бр.1 оп.23 g-moll, Прелудиум оп.28 бр.4 и бр.8, Валцер оп.64 бр.2 cis-moll, Валцер оп.64 бр.1 „Минутен“, Херојска Полонеза оп.53 As-dur, Концерт за пијано и оркестар бр.2 во f-moll.

Концертот пригодно ќе го одбележи големиот 30-годишен јубилеј од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Полска, а настанот е поддржан од Министерството за Култура и Амбасадата на Полска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни