Уметницата, заедно со Ана Петановска, Калина Велковска – Кали и Теа Богатинова, во декември ќе ја претстави својата новогодишна програма преку серија од четири концерти низ Македонија. Музичкото патување започнува на 21 декември во Битола како дел од манифестацијата „Зимска приказна“, продолжува на 28 декември во Штип, на 29 декември во Македонската филхармонија во Скопје, а завршува на 30 декември на плоштадот во Крива Паланка.

Продажбата на билети за концертот во Филхармонијата веќе е започната, а заинтересираните можат да ги набават преку MKtickets.

Квартетот ќе настапи во придружба на Божиќниот оркестар под диригентство на Иван Еминовиќ. Во пресрет на концертите, уметниците ја промовираа и својата нова песна „Нека трепка“, чиј видеоспот снимен во Маврово и Скопје е достапен на YouTube, а песната на сите дигитални платформи.

Организаторите најавуваат дека празничната магија ќе биде збогатена и со дополнителни изненадувања за публиката.
