Вечерва во кафе-книжарницата ,,Буква” музичкиот избор за викендот ќе го започнат режисерот Јане Алтипармаков и фотографката Наташа Гелева. Сетот е насловен како ,,Музика од срце”, а како и нивните претходни настапи ќе понуди танцување и размрдување во долгото скопско лето.
Јане и Нашата се добро познати на скопската публика, како по нивните професионални достигнувања, така и по наклонетоста кон музиката и филмот преку кои прават одлична атмосфера. За вечерва најавуваат еклектичен ди-џеј сет кој ги спојува квалитетната музика, активизмот, post-punk, indie, disco-punk, new wave, synthwave, electro, electroclash, space-funk, italo disco и trip-hop.
Кафе-книжарницата ,,Буква” е едно од местата кои останаа да гo придвижуваат ноќниот живот во Скопје, со внимателен избор на музичка програма, промоции и програма која ги зближува љубителите на културата и алтернативната уметничка програма во градов.