Балканските хитмејкери Владо Јаневски и Момчило Бајагиќ Бајага синоќа за првпат настапија заедно на сцената во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Четиричасовниот концерт претставуваше вистински празник за љубителите на нивната музика, а многубројната публика пееше хитовите на двајцата пејачи во еден глас.
Идејата за заедничкиот настап се појавила по минатогодишниот откажан концерт на Владо Јаневски. Наместо два посебни концерти, се предложило да се организира „нешто поголемо од концерт“ – вечер со 40 хитови на двајцата музичари, создавајќи вистински музички празник