Музичарка снима звук од климатските промени на Арктикот

Звукот од арктичкиот ветер што завива низ жиците на виолончелото од јаглеродни влакна на Сара Смаут на ледениот слој, поврзан со Северниот Пол, е нешто што таа не го слушнала досега.

Таа се придружи на група уметници од целиот свет во патување за да го истражуваат и да бидат инспирирани од „прекрасниот и апсолутно огромен“ пејзаж на Арктичкиот круг.

Музичарката и поетеса помина 16 дена на специјално опремен брод во норвешкиот архипелаг Свалбард и доживеа температури од -15 степени Целзиусови.

„Ги видов климатските промени како се случуваат пред моите очи“, изјави таа. „Пукнатини почнаа да се формираат на мразот, голема полица се скрши и брзо бевме вратени на бродот, бидејќи повеќе не беше безбедно да останеме на парчето мраз што пловеше“.

Фото: Reese Muntean/BBC – Виолончелистката од Северен Јоркшир, Сара Смаут, изјави дека планирала да користи звуци собрани од Арктикот на својот деби албум, заедно со поезија напишана додека била во Свалбард.

Смаут користи музика, зборови и звучни снимки за да го создаде својот деби албум, кој ќе се фокусира на климатските промени на Арктикот.

„Музиката е брилијантен начин да се поврзат луѓето, да се допрат нивните срца и умови и да ги инспирираат да донесат одлуки кои ќе создадат позитивни промени“, изјави Смаут.

„Сведоци сме на климатските промени што се случуваат околу нас, но ниту една не е толку драматична и брза како на Арктикот. Можеби е далеку, но она што се случува таму влијае на сите нас.“

Таа рече дека посетата на Свалбард ја направила посилно мотивирана од кога било да ги донесе звуците што ги снимила на пошироката јавност. Се надева дека слушателите ќе се поврзат со она што се случува во тој дел од светот и ќе бидат охрабрени да го заштитат.

Смаут исто така додаде дека нејзиното тековно истражување се фокусира на водата, а таа и нејзиното виолончело (което го нарекла Бернард) поминале многу авантури за да ја истражуваат природата.

„Отсекогаш сум била фасцинирана од Арктикот и мислам дека престојот на такви места и стекнувањето чувство за местото од прва рака ја поттикнува мојата креативност“, изјави таа.

Смаут користела хидрофон за снимање под вода и рече дека звуците што ги собрала, како крцкањето на глечерите, ќе зборуваат сами за себе во нејзиниот албум.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни