Музичарите од Филхармонија и од Националната опера и балет со концерт во Софија

Целта на овој проект е да се претстави овој камерен состав, преку изведба на 10 композиции кои сочинуваат една приказна во времетраење од 60 минути. Камерниот состав изведува композиции од авторот на проектот, Марко Виденовиќ, кој преку своите композиции раскажува градски приказни, прифатливи за секаков вид публика

Во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Софија вчера концерт одржа квартет составен од музичари кои членуваат во оркестрите на Филхармонијата и на Националната опера и балет: Марко Виденовиќ (виола, пијано), Марија Јакимовска (флејта), Кристијан Кожумановски (контрабас) и Игор Бакревски (кларинет).

– Целта на овој проект е да се претстави овој камерен состав, преку изведба на 10 композиции кои сочинуваат една приказна во времетраење од 60 минути. Камерниот состав изведува композиции од авторот на проектот, Марко Виденовиќ, кој преку своите композиции раскажува градски приказни, прифатливи за секаков вид публика – соопшти македонскиот КИЦ во Софија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни