Амстердамскиот музеј на Ван Гог се здружи со данскиот производител на играчки LEGO, за да направи своја верзија на „Сончоглетите“ од Винсент Ван Гог.
Стоејќи пред ремек-делото на Ван Гог од 1889 година, едно од неговите најпознати дела со сончогледи, кустосот на музејот, Нијнке Бејкер, изјави за Ројтерс дека се надева дека LEGO верзијата ќе помогне повеќе луѓе да се запознаат со животот и делото на уметникот.
„Прекрасната работа е што луѓето всушност можат да ја направат сами и да ја изградат композицијата на начин на кој уметникот ја гради својата“, изјави таа.
Составена од 2.615 парчиња, LEGO „Сончогледите“ се помали од сликата која ги инспирираше. Сепак, изработка на моделот бара многу часови. Составена е од постојните форми и бои, освен една специјално креирана коцка која носи потпис на Ван Гог.
Стајн Ом, дизајнер во данската компанија, изјави дека било предизвик да се изберат точните бои, но дека препознатливиот стил на сликање на Ван Гог, со видливи, храбри потези на четката, служел како инспирација за LEGO тродимензионалниот модел.
„Беше возбудливо да се обидеме да ги имитираме сите форми од сликата со постојните LEGO елементи“, изјави тој.
Новиот сет официјално е пуштен во продажба.