Музејот на изумрените медиумски технологии во центарот на Токио го оправдува своето име. Во него се изложени експонати како што се Бетакем видео касети, дискети и стари уреди на Сони, но и камера од 1916 година, јапонскиот модел Лили, најстариот примерок во музејот.
Музејот има три простории полни со полици, кои им даваат можност на посетителите да се вратат во минатото и да ги видат уредите кои некогаш биле дел од секојдневниот живот.
Музејот е отворен во јануари 2023 година, а основачите веруваат дека сите медиумски уреди, освен хартијата и каменот, на крајот ќе исчезнат.
Музејот исто така прима донации од посетители, како што е Хисаји Ито, кој во саботата донел мали рачни часовници и касети од неговата приватна колекција. Мацута истакна: „Дури и ако ги чувам дома, веројатно ќе бидат фрлени кога ќе умрам.
Подобро е да ги споделам и да дозволам луѓето да уживаат во нив.“