Музејот Гугенхајм повторно го стега ременот – отпушта 20 вработени

Музејот Соломон Р. Гугенхајм во Њујорк најави уште еден круг отпуштања, во период кога институцијата се бори да ја балансира финансиската состојба поради намалениот број на посети и зголемите трошоци.
Фото: Ajay Suresh from New York, NY, USA, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Музејот соопшти дека укинува 20 работни места – 7 отсто од својот персонал – низ повеќе одделенија. Високото раководство, сепак, ќе остане недопрено, а кураторите се поштедени од отпуштањата.

Овој потег доаѓа и покрај напорите да се „зачува бродот“ под раководство на Мариите Вестерман, која ја презеде функцијата директорка и главна извршна директорка во 2024 година. Цените на билетите се зголемија, распоредот на изложбите се скрати, а фондот на музејот порасна – но не доволно.

„Нашата севкупна финансиска слика не е онаму каде што треба да биде“, напиша Вестерман во писмото до персоналот, опишувајќи ги отпуштањата како дел од пошироката „реорганизација“ наменета за подобрување на ефикасноста.

Ова го означува третиот круг на укинување на работни места во Гугенхајм во последните пет години, по двата претходни бранови во кои беа пуштени повеќе од 30 вработени, вклучително и двајца заменици директори. Потпирањето на музејот на меѓународниот туризам – сектор кој допрва треба целосно да се опорави од пандемијата – беше клучна ранливост. Во меѓувреме, догоочекуваното отворање на Гугенхајм Абу Даби останува во неизвесност, опкружено со одложувања и контроверзии, без датум за отворање на повидок.

Синдикатот на музејот, на кој претходно не му беше дадено известување за отпуштањата, поднесе жалба и бара преговори. „Ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да ги заштитиме работните места на нашите членови“, рече Олга Брудастова, претставник на синдикатот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни