Музеј на балони се отвори во Лондон

Во средата во Лондон се отвори музеј на балони. Концептот започнал со изложбата Поп Ер во Рим, пред различни верзии на изложбата со балони да бидат изложени низ целиот свет, каде ги посетиле над 3 милиони посетители. Meѓу другите центри кадешто биле организирани изложби во сличен формат до сега биле Париз и Мадрид.

Главниот куратор, Антонела Ди Луло, е страствена за тоа што може да постигне уметноста на надувување. „Идејата е балонот да го разбуди детето во сите нас“, вели таа. Нејзината поставка вклучува инсталации од 20 уметници, а помеѓу делата има големи надуени зајаци, топки за плажа и нампумапни велигденски јајца.

Изложбата е едно изобилството на извонредни културни искуства достапни за сите возрасти,но изгледа вистинската целна група се инстаграм профилите. За разлика од други галерии каде камерите не се добредојдени, овде знаците им порачуваат на посетителите – „Тагирајте нè. Вашето искуство ни е важно, споделете го!“. Главна атракција е „базенот“ со топки, но и кабините во кои може да се позира со сценографски ефекти, на пример со пар розови напумпани ангелски крилја.  

Организаторите очигледно очекуваат голем број на посетители . Пред влезот на музејот биле забележани четири колони луѓе кои чекале да ја посетат главната атракција.

Семејниот билет за влез во музејот изнесува околу 100 евра.

Извор: ‘It’s very Instagrammable, for sure’: Balloon Museum opens in London | Exhibitions | The Guardian

Најново

Последни колумни