Мурињо: Во Реал го завршив потешкиот дел, по мене беше полесно

Тој потенцираше дека одлуката за заминување од Мадрид била негова, но подвлече дека меѓу него и Перез нема недоразбирања. Напротив, откри дека останале во пријателски односи и дека неодамна разговарале по неговото потпишување за Бенфика.

Нокаут фазата во Лигата на шампионите носи вистински спектакл, а еден од најатрактивните двомечи е пресметката меѓу Бенфика и Реал Мадрид. Португалскиот тим, предводен од искусниот стратег Жозе Мурињо, избори пласман во елиминациската фаза по драматичната завршница во лигашкиот дел, најавувајќи неизвесна борба против поранешниот европски шампион.

Во пресрет на првиот натпревар во Лисабон, Мурињо се осврна на својот мандат во Реал Мадрид. Тој потсети дека во Шпанија освоил шампионска титула, но и дека трипати бил сопрен во полуфиналето од Лигата на шампионите. Според него, периодот во Мадрид бил интензивен и турбулентен, но клучен за создавање на тимот кој подоцна стигна до европската круна.

Мурињо нагласи дека заминал со чиста совест и откри дека претседателот Флорентино Перез му рекол оти најтешкиот дел е завршен. Сепак, Португалецот не сака да ги присвои заслугите за титулата во Лигата на шампионите освоена една година по неговото заминување, истакнувајќи дека признанијата им припаѓаат на оние што биле дел од тимот во тој момент.

Тој потенцираше дека одлуката за заминување од Мадрид била негова, но подвлече дека меѓу него и Перез нема недоразбирања. Напротив, откри дека останале во пријателски односи и дека неодамна разговарале по неговото потпишување за Бенфика.

Првиот натпревар од плејофот меѓу Бенфика и Реал Мадрид се игра вечерва од 21 часот во Лисабон, каде што се очекува вистинска европска фудбалска вечер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни