Муралот “Книгите – паметници на македонското слово” го краси Домот на културата во Демир Хисар

Нацртаниот мурал е во рамки на Манифестацијата “Цртај на македонски јазик”

Завршен е муралот насловен како “Книгите – паметници на македонското слово” кој ќе го краси северниот дел на Домот на културата “Илинден” во Демир Хисар.

Муралот е дело на ликовниот уметник и професор по ликовна уметност Дијана Колонџоска и нејзини ученици – членови во ликовната секција во ООУ “Гоце Делчев” Демир Хисар и членови на ликовно творечките активности во СОУ “Крсте П. Мисирков” Демир Хисар а е посветен на роднокрајните демирхисарски писатели кои со нивните дела допринесле за зачувување и афирмирање на македонското слово.

Нацртаниот мурал е во рамки на Манифестацијата “Цртај на македонски јазик” и е поддржан од Министерството за култура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни