Мурал за маестро Џамбазов и златните славејчиња во Дебар маало

Во срцето на Дебар Маало, Маестро Џамбазов и Златните славејчиња добија прекрасен уметнички спомен! 

На иницијатива на општина Центар, во ова скопско маало блесна оригинално шарено ќоше посветено на, несомнено еден од најпознатите брендови на градот кога станува збор за детската музика – фестивалот „Златно славејче“ и на еден од најзаслужните за истиот, Маестро Александар Џамбазов. 

Александар Џамбазов е иницијатор, творец, композитор, со еден збор „татко“ на фестивалот на детската песна „Златно славејче“, а сега тој заедно со „златните славејчиња“ добија интересен мурал кој буди слатни емоции кај скопјани од сите генерации. 

Автори на ова уметничко дело се познатите арт-артисти Марјан Димиќ и Драган Китановски- Драш.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најавува настан со учество на познати македонски уметници и членовите на хорот “Златно славејче” на 25 јануари наредната година, кога ќе се одбележи двегодишнината од неговата смрт.

„Навистина е задоволство да се има муралот на доајенот Александар Џамбазов кој со својот неверојатен творечки опус остави неповторлив белег во својата професија и нашата историја. Тој беше автор на детски песни, иницијатор за формирање на фестивалот „Златко Славејче“, пишувач на сценска и филмска музика, македонски диригент и композитор и великан на современата македонска музика. Настанот на 25 јануари ќе претставува своевидно потсетување на музичкиот опус на основачот на детскиот фестивал и доајен Александар Џамбазов“, вели Герасимовски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни