Мурал на македонската уметничка Руки Чуки во срцето на Вандсворт Англија

Руки е илустраторка и дизајнерка со осумгодишно искуство, која живее и работи во Лондон. Таа е страствена и нејзините дела се одликуваат со силен и уникатен стил.

Трговскиот центар Саутсајд во Англија ја избра уметниката Руки Чуки од Македонија на конкурсот за создавање мурал кој ќе биде инсталиран во срцето на Вандсворт.

По отворениот повик објавен од сопствениците на Southside, Landsec и Invesco Real Estate во месец мај, каде што тие апелираа до локалните уметници да дизајнираат мурал што ќе одразува јасна врска со карактерот и душата на областа. Муралот ќе ја трансформира околината во живописен и пријатен простор за уживање на локалните жители и гостите.

Руки е илустраторка и дизајнерка со осумгодишно искуство, која живее и работи во Лондон. Нејзин предзвик е развивањето концепти и има работено и како тим лидерка и како соло уметница. Таа е страствена и нејзините дела се одликуваат со силен и уникатен стил.
Дознајте повеќе за овој проект:


https://www.wandsworth.town/southsides-mural-artist-is-revealed/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни