МУП манипулира со бројките: 39.000 или 160.000 граѓани во Нови Сад?

Додека адвокатот Александар Оленик тврди дека во Нови Сад имало до 160.000 граѓани, Министерството за внатрешни работи наведува само 39.000 присутни во моментот на тишината.
Граѓани палат свеќи пред железничката станица во Нови Сад
Photo: Beta/Saša Đorđević

Бројките околу денешната комеморација во Нови Сад предизвикаа лавина од реакции и сомнежи во транспарентноста на официјалните проценки од страна на Министерството за внатрешни работи на Србија (МУП).

Според адвокатот и потпретседател на ЛСВ, Александар Оленик, на собирот по повод годишнината од падот на надстрешницата на Железничката станица присуствувале меѓу 140.000 и 160.000 луѓе. Оленик изјави дека тоа се „полициски проценки“, истакнувајќи дека „властa веќе година дена нема легитимитет и владее со пропаганда и гола сила“.

Од друга страна, Министерството за внатрешни работи на Србија (МУП) објави сосема поинакви бројки. Според нивното соопштение, „во пиковниот момент на комеморативниот, непријавен собир, од 11:52 до 12:08 часот, во Нови Сад имало 39.000 граѓани“. МУП прецизира дека потоа дел од присутните се разишле, а еден број се задржал на Кејот на жртвите на рацијата.

Иако инциденти не се регистрирани, јавноста сепак реагира на манипулацијата и пропагандата од страна на институциите. Дел од аналитичарите предупредуваат дека контрадикторните бројки се користат за политичка манипулација и контрола на наративот односно за потценување на граѓанската мобилизација.

Оленик повтори дека „изборите се единствено решение“, додавајќи дека претседателот Александар Вучиќ „бега од нив до последниот пендрек и последната лага“.

Според официјалното соопштение на МУП, сите мерки биле спроведени согласно законските надлежности, а безбедноста на граѓаните и имотот била приоритет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни