Mултисензорната изложба „Музеј во куфер“ во МСУ

На оваа изложба од 11 панели, освен фотографии и објаснувања за делата од колекцијата, направени се и НФЦ тагови и QR кодови, пропратени со аудио описи, видеа на знаковен јазик и описни текстови на Брајово писмо.

МСУ со особена радост, најавува на 24 ноември во 12 ч. промотивно прикажување на мултисензорната изложба „Музеј во куфер“ составена од тактилни слики од 11 внимателно селектирани дела од колекцијата на МСУ, во рамките на проектот „МСУ Ремек-дела за сите – проект за пристапност на современата уметност“ (“MoCA Masterpieces 4 all” – Project for accessibility of Contemporary Art).

На оваа изложба од 11 панели, освен фотографии и објаснувања за делата од колекцијата, направени се и НФЦ тагови и QR кодови, пропратени со аудио описи, видеа на знаковен јазик и описни текстови на Брајово писмо. Во рамките на проектот на проектот ќе се изготват и три уметнички 3Д дела инспирирани од колекцијата на МСУ.

Кустосот Бојана Јанева, како раководителка на проектот смета дека проектната цел е исполнета и со нетрпение очекува да се забележат ефектите и резултатите“.

За неа е значајно дека тактилните слики со сите пропратни елементи за потполно разбирање на делата, не се планирани само како дел од постојаната поставка на музејот, но, со помош на изготвениот „Музејски куфер“ треба да стигнат и до лица во медицинските, ресурсните и образовните центри за лица со попречености.

Особено би сакала да го нагласам значењето на севкупната и детална „Студијата за пристапност“ изработена од консултантите Д-р Ирена Ружин и М-р Жељка Сушиќ (Хрватска), со прецизни препораки и сугестии за подобрување на инклузивноста на целиот музејски објект и приод. Благодарност и до предавачите на обуката за МСУ кадарот: м-р Жељка Сушиќ и Д-р Жељка Боснар-Салихагиќ од Хрватска, Д-р Ирена Ружин, м-р Јове Парговски (автор на тактилни слики и НФЦ), Кочов Горан – изработка на музејски куфер, Јана Николовски-уметник за изработка на 3Д тактилни дела, како и на тимот за изработка на аудио и видео материјалот.

Партнери на проектот се Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов-Скопје“ и Здружението на лицата со телесен инвалидитет на Скопје – „Мобилност“.

Проектот е поддржан од Балканска музејска мрежа преку Фондацијата Хедли траст, Велика Британија и Министерството за култура и туризам.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни