Проектот „Старата скопска чаршија: визии за иднината“ се заснова на меѓукултурен и меѓугенерациски дијалог, промовирајќи ја разноликоста на културното наследство и овозможувајќи им на младите да ја претстават својата визија за иднината на овој мултикултурен простор.
Настанот е дел од програмата на Бела ноќ и предвидени се следните настани:
20:00 часот – Мултимедијалнен спектакл на сцена
Презентација на мултимедијалните креации создадени од студентите на Факултет за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, Филозофскиот факултет, Филолошкиот факултет и Архитектонскиот факултет од Скопје. Програмата опфаќа креативни видеа, изложба на фотографии, историски наративи, литературни читања и архитектонски проекти за иднината на Старата чаршија.
21:30 часот – Концерт на електронска музика „Париз-Берлин-Скопје”
Настапуваат ДЏ Женева (Париз), Дарко Јорданов (Скопје) и Бојан Јанев – Soul Case (Скопје/Берлин).