Во четврток на 11 април 2024 година во Кинотека на Македонија, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи мултимедиајлен настан на НУ Танец во соработка со Кинотека на РСМ, организиран во рамките на чествувањето на 75-годишнината од основањето на Танец. Во него се предвидени повеќе содржи – проекции, осврти, …
Во него се предвидени повеќе содржи – проекции, осврти, презентации, дебата, ревијални и музички перформанси, кои во својот фокус го имаат Танец, како еден од највлијателните и најинспиративните ансамбли во целокупната култура кај нас и во светот. Сите учесници, низ сопствена перспектива ќе го опсервираат Танец, како жив чувар на македонското културно наследство и како нивна лична инспирација. Влезот за настанот е слободен.
Програма:
ТАНЕЦ ВО ФОКУСОТ на м-р Бранка Костиќ-Марковиќ, етномузиколог и уметнички раководител на сценско-уметничката дејност во НУ Танец
– Тема: „Танец – 75 години македонски код“
ТАНЕЦ ВО ФОКУСОТ на режисерот Трајче Попов
-Тема: „Орските содржини во филмот „Ритам и звук“ и неговото значење во етноореологијата“ на доцент д-р Стојанче Костов, истражувач на народните ора и научен соработник од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје при УКИМ.
-Киноприкажување на антологискиот филм „Ритам и звук“ на Трајче Попов од 1955 година, каде во главната улога е ансамблот Танец. Продуцент на филмот е Вардар филм, а филмот е дигитализиран од Кинотека на Македонија. (Времетраење: 21 минута)
ТАНЕЦ ВО ФОКУСОТ на проф. д-р Митко Хаџи-Пуља од Архитектонски факултет – Скопје при УКИМ
-Тема: „Тан(е)ц на животот“
ТАНЕЦ ВО ФОКУСОТ на Ласко Џуровски, визуелен уметник и типограф
-Тема: „Ние сме Македонци, зборуваме на македонски јазик, пишуваме со македонска кирилица, пееме македонски песни, играме македонски ора, ја промовираме нашата Македонија ширум светот. Опа, иха!“
ТАНЕЦ ВО ФОКУСОТ на идните генерации
-Музички настап на студентите од Одделот за етнологија и антропологија при ПМФ на УКИМ
-„Бела Денице, мори невесто“ во изведба на студентите Матеј Тушевски, Дамјан Ристовски и Тоше Илчевски.
-Тема: „Сценско-уметничкиот и културолошкиот статус на улогата невестата низ призмата на кореографијата ’Невестинско’” – м-р Благица Илиќ – етнолог и професор по народни игри и песни од Насоката за традиционална музика и игра во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.
-Музичко-сценски настап на учениците од Насоката за традиционална музика и игра од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје
-„Не радуј се невесто, за ситна коса плетена“ – фрагмент од кореографија „Свадба“
-„Китен ми китен, девере“ – машка песна од вокалниот легат на Танец
-„Ајде ој Вардаре“ – ороводна песна од репертоарот на Танец
ТАНЕЦ ВО ФОКУСОТ на жената и ЖЕНАТА ВО ФОКУСОТ на Танец
Теми:
– „Мисијата на Танец за зачувување на својот легат на непроценливо културно наследство и носијата како негов значаен експонент“ – Светлана Ќириќ, етнолог и стручен соработник за сценско-уметничка дејност во НУ Танец
– „Ревијален приказ на женската традиционална носија во Танец“ – Катерина Кузманоска, етнокореолог и истакнат играч од прв ред – солист во НУ Танец
* Ревија на шест автентични женски носии од фундусот на НУ Танец
Учествуваат играорките на Танец – Стефанија Маневска, Христина Пецовска, Марија Саздовска, Христина Ристеска, Весна Митевска и Емилија Богдановска, во кастинг и координација на Весна Митоска, асистент на играорниот кор на Танец.
* Музички сплет од фрагменти од кореографски постановки на Танец во кои се вклучени соодветните носии од ревијата, во изведба на инструменталистите на Танец, Александар Јовевски и Даниел Маневски.
ТАНЕЦ ВО ФОКУСОТ на научно-образовниот дискурс
-Дебата посветена на жената и женската традиционална носија во Македонија и нејзиното влијание врз македонската облековна практика во минатото и денес. Во дебатата учествуваат проф. д-р Јасминка Ристовска Пиличкова од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје, проф. д-р Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ во Скопје, проф. д-р Јана Манева – Чупоска од Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ и костимографката Зорка Тодорова – Младеновиќ, поранешна професорка на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и Технолошко-металуршкиот факултет – Скопје, при УКИМ.