Во градот под Шар Планина, Тетово, вечерава се одржа мултимедијален настан насловен како „Тетово мојата инспирација“. Со овој настан се одбележуваат 80 години од ослободувањето на Тетово во 1944 година од фашистичката окупација. Во Музеј на тетовски крај (Дом АРМ) изложени беа уметнички дела на десетина тетовски уметници како и цртежи на ученици од основните училишта сите на тема Тетово.
Во совоето обраќање фотографот, Драги Неделчевски, рече дека за денешната слбоода пред 80 години многу млади и нивните родители ги дале своите животи за денешната слобода.
„Слободата може да се дефинира во повеќе филозофски дефиниции. Да бидеш слободен да живееш како сакаш, да правиш што сакаш, да бидеме слободни од системот, слободно да твориме, да се дружиме искажуваме своите мисли. Оваа изложба е доказ дека да се бориш за својот град, може да биде и со четка, перо со бои. Секој од нас во својот домен и знаење да направи мали чекори за да ја зачува слободата мислам ќе биде доволно да ја зачуваме слободата, рече Неделчевски.
Архитектот Бошко Видоески истакна дека во уметничките слики и цртежи, авторите ги истакнуваат главните атрибути на градот Тетово.
– Во сликите тетовска стара градска архитектура привлекуваат со старите куќи кои привлекуваат внимание со нивната симетрија. Градски симболи се како вечна инспирација на тетовчани па затоа најчесто се застапени, Камен мост, река Пена, црквите. Кај најмладите ме радува инспирација од статуата „Жена Борец“, дел од споменичниот ансамбл на реномирана вајарка Борка Аврамова што се наоѓа кај Центарот за култура, рече Видоески.
Дел од мултимедијалниот настан беше концерт на музичкото трио „Шербет“. Главната свеченост ќе се одржи на 18 ноември во Центар за култура, во пресрет на Денот на ослободување на градот на 19 ноември 1944 година.