Во рамките на проектот Урбана Агенда на МКЦ-Битола во саботата 9 ноември 2024 година се
одржа мултимедијалниот настан Спознавање во објектот на МКЦ-Битола.
Настанот кој траеше 5 часа вклучуваше промоција на најновото петто издание на списанието
Спознавање, проекција на 3 играни краткометражни филмови во соработка со Младинскиот
филмски фестивал. Дополнително беше одржан базар на млади креативци со учество на Лом
Лабел (алишта), Емилија Трајковска (фотографии), Урбаниум (литература), Спознавање
(списанија), Луна Адитеја (алишта), Бојана Исијанин (фотографии), Пондер (литература), MM
Creations (рачна изработки), Партизанска Штампа (плакати), Словокулт (литература), Изложба –
2nd cycle (ламби) и други.
Настанот продолжи со концертот на Огнен Златанов и Теа Шалдева со нивниот груб и мрачен,
еволуиран пост панк звук кој ги обединува годините посветено изучување и изведување
најразлична музика во карактеристичниот, современ и длабоко интимен израз по кој се истакнува
нивната авторска музика.
Последни настапија групата Алембик кои за прв пат се претставија пред битолската публика со
својата авторска музика која е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови,
користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку алхемиска игра со
музичките елементи. Објектот на МКЦ-Битола беше една голема креативна и уметничка сцена.
Проектот Урбана Агенда – поддршка на независната културна сцена е финансиран од
Швајцарската амбасада во Скопје.