MULOSKI Handcraft со изложба на Skopje Drum Festival 2024

Мулоски Handcraft, е хоби на семејството Мулоски од Прилеп кое започнало во 2016 година, а потоа се има развиено во сериско производство на удирачки инструменти изработени од полно македонско дрво, познато како ‘стејв’ (stave)

На 3 ноември во Младинскиот Културен Центар ќе биде отворена изложба на MULOSKI Handcraft во склоп на Skopje Drum Festival 2024.

Мулоски Handcraft, е хоби на семејството Мулоски од Прилеп кое започнало во 2016 година, а потоа се има развиено во сериско производство на удирачки инструменти изработени од полно македонско дрво, познато како ‘стејв’ (stave).

Мулоски произведуваат бонгоси од видови дрво како орев, смрека, мариовска тиса, цреша и црница, како и добоши изработени од орев и јасен.
Наскоро Мулоски ќе го промовира својот прв сет на тапани изработен од легендарното македонско дрво од кое е направен македонскиот народен тапан – орев.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни