Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – 2024

Денес е објавена програмата на 58. издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“ – фестивал посветен на најдобрите театарски / драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција работени според дела од светската драматургија при што особено се афирмира македонското драмско творештво.

На 7-ми јуни 2024 година (петок), Прилеп повторно ќе биде центар на македонскиот театарски свет со свеченото отворање на 58-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Овој фестивал, кој го носи името на еден од најзначајните драмски автори во македонската историја, ќе започне со изложбата „Горан Стефановски и книгите“ во Градската библиотека „Борка Талески“ во 19:00 часот. Изложбата ќе понуди уникатен поглед кон делата на Горан Стефановски, еден од најпочитуваните македонски драматурзи

Во 19:30 часот, свеченото отворање на фестивалот ќе продолжи во НУЦК „Марко Цепенков“ со премиерата на драмата „Хеда Габлер“ во изведба на Драмски театар – Скопје. Овој настан ќе ја обележи почетокот на една недела исполнета со театарска магија, каде што љубителите на театарот ќе имаат можност да уживаат во извонредни изведби од домашни и странски театри.

На прашањето што очекува од ова издание на фестивалот, директорката Ана Стојаноска ни изјави: „Многу публика и тоа публика која ќе ужива во овие осум дена театар. Очекувам задоволни гости, задоволни учесници, успешни изведби. Очекувам Прилеп како и лани да биде цел град театар, очекувам да оставиме некаква трага на која и да е постоечка или непостоечка мапа на големи културни манифестации и најмногу од сѐ, очекувам колективна игра, како што е тоа театарот во вистинската смисла. Затоа што фестивалите постојат да се слави театарот. Поинаку нема смисла. А од ова издание очекувам и полека да ги променуваме старите навики, да излеземе од комфорната зона и да се обидеме барем за миг да мислиме на театарот, а не на некои свои лични, себични побуди“.

Ана Стојаноска, директорка на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Во однос на програмата, Ана истакна дека годинава ќе можат да се научат многу разновидни театарски искуства, да се презентираат научените и дека ќе  понуди ново искуство.  „Театарот нуди свесност дека театарот сме ние и ние сме во можност да го менуваме театарот. Од изложби, работилници, детска зона, промоции, читања, улични изведби, театарски изведби надвор од театарските сцени, класични театарски претстави, многу промени во функционирањето на овој наш најстар и најзначаен театарски фестивал, па дури и такви во однос на продажбата на билетите и во промената на организирањето на настанот. Програмата е конципирана во однос на Авторот во фокус – Горан Стефановски (затоа имаме и посебен ден на фестивалот, недела 9 јуни) и во однос на новите читања на класичните теми. Сметам дека оваа програма го покажува актуелното лице на македонскиот театар.

Дел од работилниците на овогодинешниот фестивал се од затворен тип, но учесниците ќе имаат можност да видат за што станува збор. Две промоции ќе се одржат надвор од овој распоред и ќе бидат објавени на социјалните медиуми.

Работилници:

  • Драматилница – работилница за пишување: Од 8 до 10 јуни во Градска библиотека „Борка Талески“ од 10:00 до 14:00 часот.
  • Работилница за Горан Стефановски: Недела, во ЦСЛУ од 9:00 до 18:00 часот (затворен тип).
  • Работилница за танц на Шукарова: Недела, во Паркот на Револуцијата од 14:00 до 17:00 часот.
  • Работилница за костимографија на Ношпал: Понеделник, во клуб Калинка

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни