Музејот на современа уметност продолжува со проектот МСУ школо секој вторник и четврток под менторство на уметникот Никола Узуновски.
Во рамките на МСУ ШКОЛО оваа недела на програмата се следниве предавања:
22/10/20 ч./ „Прелет низ времето“ – За да може подобро да се сфати современата уметност, потребно е генерално предзнаење и за историјата на уметност, но тоа да биде претставено низ призма на современата уметност. На пример: какво влијание имало делото на Микеланџело врз публиката во тоа времето кога било создадено;
24/10/20 ч./ „Уметноста во 20тиот век“ – Подобро запознавање со уметноста од последниот век, преку повеќе примери и правци. Во минатиот век има големи промени во уметноста, чие влијание е се уште присутно и денес. (Марсел Дишан, Енди Ворхол, Џозеф Кошут, Џеф Кунс, Брус Науман, Џени Холцер);
Предавањата се организираат два пати неделно, секој вторник и четврток (освен вторник наместо 5ти ноември, предавањето ќе се оддржи на 6ти ноември) Предавањата се бесплатни, но препорачано е континурано следење на наставата и претходна пријава на учесниците.
Сите заинтересирани може да се пријават преку линкот: https://forms.gle/cR3KQajxJZasGApM9 со име и презиме, професија и најава дали ќе го следат целиот курс или поединечни предавања.
Програмата има за цел да ja изостри генерална наобразба, познавање и интерес за визуелната, особено за современата визуелна уметност.
Програмата на „МСУ Школо“ е насочена, пред се, кон студентите на Факултетот за ликовна уметност, студентите по Историја на уметност и археологија, Архитектонскиот факултет, понатаму за студентите кои го изучуваат дизајнот, модата…, но и кон сите оние кои пројавуваат интерес кон современата и имаат афинитети да добијат поизострена слика за уметноста.