Планетарно популарниот прогностичар, мрмотот Фил, вчера откако нагло се разбуду од сон и се извлече од своето топло живеалиште во Гоблерс Нобу во западна Пенсилванија, ја виде својата сенка, предвидувајќи така уште шест недели зима, пишува CNN.
Секоја година на 2. февруари на Денот на мрмотите, членови на Клубот на мрмоти од Пунксутоуни патуваат до Гоблерс Ноб – службениот дом на Фил. Легендата вели дека ако Фил ја види својата сенка, следуваат уште шест недели зима, а ако не ја види, тогаш доаѓа рана пролет.
Без разлика на Филовото предвидување, зимата официјално завршува на пролетната рамоденица, која обично се случува на 21. март.
Оваа година таа ќе настапи на 20 март во 5:01 по источноевропско време. Сепак, временските услови не секогаш следат утврден распоред, а прогнозите не се секогаш точни, дури ни за Фил.
Според податоците кои ги анализираше NOAA, агенција на американското Министерство за трговија задолжена за следење на состојбата на светските океани и атмосферата на Земјата, Фил бил во право само во 35 проценти од прогнозите од 2005 година (2014., 2016. и 2020. година), а во последните стотина години бил точен во околу 40 проценти од прогнозите.
Филовото предвидување за раната пролет од минатата година се оствари. Февруари 2024 година беше трет најтопол, а и март беше многу потопол од вообичаеното, покажуваат податоците на NOAA.
Годишниот ритуал во кој учествува најпознатиот мрмот на светот потекнува од 1887 година. Во Гоблерс Ноб традиционално секоја година се собираат повеќе од 20.000 обожаватели за да го видат Фил.