Мрежата го припиша нападот на Силите за брза поддршка (РСФ) кои веќе 16 месеци го имаат опколено градот во оваа земја разурната од граѓанската војна.
Информациите не можеа да бидат независно потврдени, пренесе ДПА.
Ел Фашер, главниот град на Северен Дарфур, е последниот град во регионот што сè уште е под владина контрола, иако од мај минатата година е под опсада на РСФ, паравоените сили кои се обвинети за злосторства, етничко чистење и воени злосторства.
Според проценките на ОН, во опколениот Ел Фашер во очајни услови веќе 16 месеци живеат околу 300.000 лица.
РСФ изведува континуирани напади врз бегалските кампови на периферијата на градот.
Актуелниот де факто лидер на земјата, командантот на суданската армија, генерал Абдел-Фатах ал-Бурхан, од април 2023 година води борба за превласт во земјата со лидерот на Силите за брза поддршка на Мохамед Хамдан Дагло, потсетува ДПА.
Според ОН, ситуацијата во Судан се смета за најголема хуманитарна криза во светот, со повеќе од 12 милиони раселени лица и повеќе од 26 милиони кои се соочуваат со глад.