Мрак по улиците низ Куба, целиот остров остана без струја

Целиот остров Куба се соочи со мрак предизвикан од недостаток на електрична енергија, откако нејзината главна енергетска централа откажа.
Фото: X/@yoanisanchez

Без струја останаа сите 10 милиони жители на Куба, по откажувањето на главната енергетска централа, што е само врв од проблемите со струјата кои ги има оваа држава изминатите месеци. Во четвртокот премиерот прогласи и „енергетска вонредна состојба“.

Целосниот мрак се случи откако електраната Антонио Гитерас во Матанзас – најголемата на островот – престана да работи.

Претседателот Мигел Дијаз-Канел Бермудез рече дека ситуацијата е негов „апсолутен приоритет“.

„Нема да има одмор додека не се врати струјата“, напиша тој на X.

Шефицата за снабдување со електрична енергија во Министерството за енергетика, Лазара Гуера, подоцна беше цитирана од новинската агенција АФП како рече дека процесот на обновување на електричната енергија е во рана фаза.  Таа додаде дека тие мали количини на струја кои ги има ќе се искористат за стартување на електричните централи.

Претходно во петокот, официјалните лица објавија дека сите училишта и несуштински активности, вклучително и ноќните клубови, треба да бидат затворени до понеделник. Несуштинските работници беа повикани да останат дома за да го заштитат снабдувањето со електрична енергија, а невиталните владини услуги беа суспендирани.

Кубанците, исто така, беа повикани да ги исклучат уредите со висока потрошувачка како што се фрижидерите и печките за време на шпицот, според локалните медиуми.

По неколку часа без струја, одредени делови од земјата започнаа да добиваат електрична енергија. За почеток електрична енергија добиваат одредени села и помали градови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни