Присутните ќе имаат можност да слушаат оригинални стихови, раскази и книжевни преводи од македонски автори, кои ќе ги предизвикаат нивните најдлабоки стравови и ќе внесат мрак и во мислите и надвор од нив. Настанот, кој ветува страшна забава, ќе биде дополнет со тематски напивки и коктели кои ќе ја засилат атмосферата.
На вечерта ќе читаат познати имиња од македонската литература како Марија Ангеловска, Мануела Златкова, Андреј Ал-Асади, Филипа Сара Попова, Никола Наумовски, Андреј Анѓелковиќ, Јордан Коцевски, Ирена Јурчева, Диме Данов и Марија Велинова.
Организаторите ги повикуваат сите љубители на хорор, мистерија и фантазија – без разлика дали се стари или млади „вампири и вампирки“ – да се приклучат на настанот и да ја откријат вистинската „идентичност“ на авторите.
Настанот ветува дека ќе биде страшно интересен и незаборавен.