„Мој термин“ вечерва на летната сцена на МНТ – хумор и сатира под ѕвездите

Вечерва со почеток во 21 часот на летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде изведена театарската претстава „Мој Термин“, а во рамките на настанот ќе настапи и ДЈ Данијел Ѓурчиновски. „Мој термин“ е работена по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева. Режисер е Синиша Евтимов. Во претставата играат: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска, Александар Михајловски.

Претставата „Мој термин“ се фокусира на современи и релевантни теми, со уникатен хумористичен и сатиричен пристап кон секојдневните проблеми на граѓаните. Ова е одлична можност љубителите на театарот да поминат вечер исполнета со смеа, размислување и квалитетна уметност на отворената сцена.

Настанот почнува вечерва, и ги покануваме сите заинтересирани да дојдат и да ја поддржат локалната културна сцена.

Најново

Последни колумни