Можно разрешување декани од факултети во Србија ако не почитуваат мерки на Министерството за образование

Помошникот министер за образование задолжен за високото образование во Србија, Александар Јовиќ денеска изјави дека доколку факултетите и одговорните лица не постапат според мерките донесени од Министерството за образование, инспектор може да предложи разрешување на деканот до Советот на факултетот, академијата или високата школа, јави МИА од Белград.
„Доколку советот не го стори тоа во рок од 30 дена, министерот за образование има право да го разреши деканот, односно ректорот, директорот на факултетот или претседателот на академијата на предлог на инспекторот“, изјави Јовиќ за Њузмакс Балкан.
Тој посочи дека поднесувањето прекршочни пријави не е пресметка со високообразовните институции и оти намерата е да се заштити правото на образование на оние на кои тоа право им се ускратува со блокади.
Министерството за образование поднесе 37 прекршочни пријави против високообразовни институции и одговорни лица за неодржување  настава. Записниците од вонредните инспекциски надзори почнаа да пристигнуваат на блокираните факултети за да почнат предавања и испити, во спротивно високообразовните институции ќе бидат казнети. 
„Утврдено е дека во тие институции не се одржува настава и не се организираат испити и не е сосема јасно дали тоа е предизвикано од физичка блокада или, како што велат, објективната неможност“.

Тој изјави дека се закануваат казни од 200.000 до два милиони динари за институцијата и од 10.000 до 50.000 динари за одговорните лица.

„Институциите добија рок од осум дена да почнат настава бидејќи сметаме дека има простор и начин да се направи тоа“, рече Јовиќ и додаде дека по истекот на рокот ќе се оди на контролна инспекција која ќе провери дали се почитувани мерките што ги дал инспекторот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни