Можен ли е секс во вселената?

Фото: NASA/Roscosmos

Двајцата астронаути на НАСА веќе два месеца не може да ја напуштат Меѓународната вселенска станица (МВС), а според најавите таму најверојатно ќе останат до февруари 2025 година. Бари Буч Вилмор и Сунита Суни Вилијамс се таму уште од јуни, кога долетеа со леталото „Старлајнер“ на Боинг. Беше планирано да останат само осум дена, но поради дефект на капсулата, мисијата е продолжена.

Нивната несреќа сепак отвори многу прашања за животот во вселената, а едно кое најмногу се повторува е дали може да имаат секс во вселената?

На социјалните мрежи луѓето коментираат и шпекулираат, а најгласни се тие кои велат дека тешко би издржале без секс толку долго време.

Експертите сепак велат дека сексот во вселената е физички можен, но дека не се препорачува.

Ништо не ги спречува астронаутите да имаат секс во микрогравитација, но ниското либидо и еректилната дисфункција може да ги отежнат работите, а најголемите ризици се поврзани со бременоста.

Експертите не се сигурни дали микрогравитацијата и зрачењето ќе влијаат врз развојот на фетусот. Некои истражувања сугерираат дека бременоста во вселената може да доведе до одредени недостатоци кај децата.

Спроед официјалните податоци на НАСА, никој немал секс во вселената. Иако астронаутите се „само луѓе“, тие исто така се и обучени професионалци кои работат под голем стрес. Додека МВС има простор за пар, сепак има многу малку приватен простор, кој не е постојано сниман.

Меѓутоа, НАСА еднаш, непланирано, испратила пар на иста мисија во вселената. Во 1992 година лансиран е вселенски шатл со Марк Ли и Јан Дејвис, кои тајно се венчале една година претходно. И НАСА и парот негираат дека тие имале секс во вселената.

Фото: НАСА

Како резултат на тоа, НАСА донела официјална одлука дека брачни парови не смее да летаат заедно и од 2010 година е строго забрането и астронаути да имаат секс во вселената.

Доктор Адам Воткинс, вонреден професор за репродуктивна и развојна физиологија на Универзитетот во Нотингем вели дека сексот во вселената е физички возможен, но не би бил лесен како на Земјата.

Тој напоменува дека немањето приватност би го отежнал сексот во МВС, но дека најголем проблем сепак е недостатокот на гравитација. Поради тоа, за астронаутите да имаат секс потребни се акробатски решенија.

Пол Рут Волпе, поранешен вработен во НАСА вели дека астронаутите може да бидат креативни и едниот партнер да го прицврстат на ѕидовите на МВС и да бидете креативни.

Но сепак, дури и ако астронаутите ги премостат логистичките проблеми, физиолошките бариера може да им пречат во потфатот.

Изложеноста на условите во вселената предизвикува интензивни пореметувања во хормоналните циклуси на астронаутите, вклучување и намалување на нивото на естроген. Таа хормонска нерамнотежа води до намалено либидо, што би можело да значи дека астронаутите воопшто немаат желба за секс.

„Може да постојат одредени биолошки проблеми како што е постигнувањето ерекција или нејзино одржување, поради промената на крвниот притисок во вселената“ вели д-р Вокткинс.

Истражувањата на стаорци покажале дека симулирањето на микрогравитација и зрачењето доведува до долготрајна еректилна дисфункција. Меѓутоа, астронаутите кои отпатувале во вселената потврдуваат дека може да имаат ерекција таму.

Поранешниот астронаут, Мајк Мулан дури го тврди и спротивното, дека престојот во вселената има ефект сличен на вијагра.

Во својата книга „Riding Rockets“, тој вели дека имал интензивна ерекција што чувствувал и болка.

Извор: Б92

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни