Дали студот навистина предизвикува настинки како што со децении не учат нашите бабите. Тие при тоа нè предупредуваат да не излегуваме надвор со мокра коса или пак слабо облечени. Но, колку има вистина во овој мит?
На оваа и на други теми поврзани со здравјето на луѓето, д-р Кал, научник со докторат по генетска медицина, која живее и работи во Лондон,на ТикТок ги споделува своите сознанија со речиси 83.000 следбеници. Во едно од нејзините популарни видеа, таа вели:
“Дали студот предизвикува настинка? Не навистина, но малку”, објаснува д-р Кал.
Според неа, настинките се предизвикани од вируси, што значи дека не можете да се разболите доколку не дојдете во контакт со вирусот. Сепак, студеното време може да ја ослаби вашата природна одбрана, што го олеснува нападот на вирусите.
Како студот влијае на телото?
Првата линија на одбрана од вируси се специјализираните клетки во горниот респираторен тракт, кои произведуваат густа слуз што ги заробува патогените микроорганизми. Овие клетки исто така користат цилии, молекуларни „метли“, за да ја отстранат слузта и да ги исфрлат патогените од вашето тело.
Проблемот настанува кога телото е изложено на студен и сув воздух во текот на зимата.
„Овие клетки мора да функционираат во топла и влажна средина, што не е секогаш случај во зима“, објаснува д-р Кал.
Ако некогаш сте спиеле во ладна соба и сте се разбудиле со болки во грлото, тоа е резултат на оштетување на овие клетки Кога ќе се загреете, телото се опоравува, но ако вирусот веќе влегол во вашиот систем додека одбраната е ослабена , шансите за инфекција значително се зголемуваат.
Настинка и вируси: Што можеме да научиме?
Иако студот сам по себе не предизвикува настинка, нè прави поподложни на вируси. Затоа е важно телото да се загрее, но исто така е важно и да се избегнува долготрајно изложување на ладен и сув воздух, особено во зимските месеци кога вирусите на грип и настинка циркулираат во поголем број.
Затоа, следниот пат кога ќе излезете на ладно, запомнете дека загревањето не само што штити од непријатни сензации, туку и од потенцијални вирусни инфекции.