Може ли Франција да го врати непроценливиот кралски накит – или веќе е доцна?

Во смела осумминутна пљачка од Лувр беа украдени ретки драгоцености. Експертите стравуваат дека се веќе распарчани и исчезнати.

Полицијата во Франција очајнички се обидува да ги пронајде непроценливите драгоцени камења украдени од Лувр во текот на денот, но експертите предупредуваат дека можеби веќе е предоцна. Крадците упаднаа рано наутро на 19 октомври во најпосетениот музеј во светот во Париз, украдоа осум вредни предмети и потоа избегаа на скутери во смела пљачка која траеше околу осум минути.

Холандскиот детектив за уметност Артур Брeнд изјави за BBC дека се плаши оти драгоценостите можеби „ќе бидат исчезнати засекогач“, претпоставувајќи дека крадците веќе ги имаат распарчано на стотици делови.

Други експерти веалт дека е многу веројатно деловите да бидат продадени за дел од нивната вредност и да бидат прокриумчарени надвор од Франција.

На една од снимките се гледа како крадец сече витрина со накит во Галеријата Аполо во Лувр. Бренд смета дека станува збор за професионалци — факт кој се гледа од начинот на кој влегуваа и излегуваа брзо од Лувр.

„Знаете, како обично лице, не се будите утро со мисла: ќе станам провалник, ајде да почнеме со Лувр“, рече тој.

„Сигурно не им е прв грабеж. Направиле и претходно други провали. Сигурни се во себе и помислиле дека ќе можат да се извлечат во овој случај и влегле во акција“, објаснува тој.

Уште еден знак дека бандата е професионална е тоа што е ангажирана специјализирана полициска единица со „висок степен на успешност во расветлување на пљачки од висок профил“.

Властите соопштија дека сомнежот е дека пљачката е поврзана со мрежа на организиран криминал.

Бренд вели дека тоа значи дека сторителите веројатно имаат кривични досиеа и им се познати на полицијата.

Организираните криминални групи обично имаат две цели, вели париската обвинителка Лор Бекуо.

„Или да дејствуваат за сметка на нарачателот, или да обезбедат скапоцен камен за операции на перење пари.“

Бренд смета дека би било невозможно да се продадат предметите нетакнати и додава дека кражба по нарачка за приватен колекционер е нешто што се случува само во холивудски филмови.

Подоцна годинава, официјалните лица на Лувр побараа помош од француската влада за реновирање и обновување на застарената изложбена сала на музејот и за подобра заштита на неговите уметнички дела.

Тогаш францускиот претседател Емануел Макрон ветил дека Лувр ќе биде редизајниран како дел од проектот „Нова ренесанса“ — проект кој се очекува да чини помеѓу 700 и 800 милиони евра и кој вклучува засилено обезбедување.

Бренд верува дека украдените предмети ќе бидат распарчени: златото и среброто стопени, а драгоцените камења исечени на помали парчиња кои ќе бидат практично невозможно да се поврзат со пљачката во Лувр.

Крадците „паметно ги избрале“ најважните камења од колекцијата на Лувр, рече за BBC историчарката на накит Керол Волтон, која го води подкастот „Ако камењата можат да зборуваат“ и била уредничка за накит во списанието „Vogue“.

„Прекрасните големи парчиња драгоцени камења“ веројатно ќе бидат исечени и продадени, вели таа.

Исклучок е тиарата на императрица Евгенија која има помали камења во неа и била „пре’топла за ракување“, додаде таа.

Ова може да објасни зошто ја испуштиле при бегството, заедно со уште еден предмет.

Тиарата на императрица Евгенија, која е украдена, содржи ретки природни бисери чија вредност е исклучително голема, велат експертите. Крадците можеби наменски ја оставиле тиарата на императрица Евгенија бидејќи била „пре’топла за ракување“, сметаат експертите.

Иако предметите се опишани како непроценливи, Волтон очекува дека ќе бидат продадени за дел од нивната вредност.

„Ќе ги земе некој што е подготвен да ги задржи во своја сопственост“, вели таа.

Колку тоа би можело да донесе пари ако се продаваат понатаму?

На прашањето за потенцијалната вредност на пленот, Бренд одговорил дека исечените делови можат да вредат „многу милиони“.

Украдените драгоцени камења и злато можеле да достигнат вредност до 11,52 милиони евра (13,4 милиони долари), вели Тобијас Корминд, извршен директор на онлајн-говорница за накит 77 Diamonds.

Крадците им требаат вешт експерт за отстранување на камењата и професионален сечач дијаманти за да ги заменат поголемите препознатливи камења, вели тој за BBC.

Помалите камчиња кои не се лесно препознатливи би можеле веднаш да се продадат. Тешко е да се каже точната цена на сите украдени камчиња, но поголемите би можеле да вредат околу 575.000 евра по парче, вели тој.

„Постојат најмалку четири такви големини, така што кога сето тоа ќе се собере плус златото, веројатно ќе се дојде до околу 12 милиони евра“, вели тој.

„Пазарот на дијаманти и драгоцени камења е ликвиден и има многу купувачи на маргини кои не поставуваат премногу прашања.“

Сеуште постојат надежи дека предметите едногаш може повторно да се појават нетакнати, но како што поминуваат деновите тие надежи полека се гаснат.

Околу Лувр патролира обезбедувањето, кој е затворен поради пљачката.

Она што е сигурно е дека многумина во Франција биле длабоко шокирани од пљачката во Лувр, затоа што чувствуваат емоционална поврзаност со тие драгоцености.

„Ние не отсекогаш сакаме накит затоа што тоа е прашање на моќ, а тоа не мора нужно да има добра конотација во Франција“, вели Александер Леже, шеф на одделот за наследство во францускиот накит Maison Vever.

„Но сигурно е дека она што е украдено припаѓа на вас исто колку и на мене. Припаѓа на Франција, па затоа секој поседува мал дел од овие предмети, како што секој поседува мал дел од Мона Лиза.

„Како да ни ја украдоа Мона Лиза… Некоj ни ја украл Франција.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни