Може ли Европа да ја надмине кризата со прекумерниот туризам?

По минатогодишните протести против масовниот туризам, кои го привлечија вниманието на светската јавност, тензиите повторно се враќаат ова лето низ Европа.
Фото: Alamy

Илјадници граѓани излегоа на улиците на Канарските Острови протестирајќи против негативните ефекти од прекумерниот број туристи, а нови демонстрации се најавени во повеќе јужноевропски земји.

Иако промените во туристичката индустрија се спроведуваат бавно, низ Европа се појавуваат нови иницијативи кои имаат за цел да го намалат притисокот врз локалното население и животната средина. Швајцарија, на пример, инвестира во јавниот транспорт и воведува попусти за туристите кои патуваат надвор од главната сезона. Во градови како Лаутербрунен, каде што масовниот туризам стана проблем, се воведуваат туристички такси и нова инфраструктура за контрола на приливот на посетители.

Шпанија, пак, користи паметни технологии за следење на бројот на туристи на плажите и воведува мерки за пренасочување на патниците кон помалку посетени региони. Освен тоа, државниот синџир на луксузни хотели „Парадорес“ го користи културното наследство како алтернатива на масовниот плажен туризам.

Берлин, инспириран од иницијативата КопенПеј во Копенхаген, развива систем на награди за туристи кои се однесуваат одржливо – од попусти за атракции до бесплатни тури за оние кои учествуваат во еколошки акции.

Сепак, и покрај овие позитивни примери, експертите предупредуваат дека зголемениот авионски и бродски сообраќај продолжува да го влошува проблемот. Протестите, според локалните власти, не се насочени кон самите туристи, туку кон неопходноста да се заштити квалитетот на живот на локалните заедници.

„Ќе зборуваме ли и по десет години за прекумерен туризам на Канарските Острови? Останува да видиме“, изјавија од шпанската туристичка управа.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни