Многумина користат AI чатботови како ChatGPT или Gemini за секојдневни совети, но дали можат да се потпреме на нив за гласање? Холандската агенција за заштита на податоци (AP) предупредува дека тие се недеверливио како извори и пристрасни.
Истражување покажа дека четирите тестирани чатбота (ChatGPT, Gemini, Grok и Le Chat) најчесто препорачуваат само неколку големи партии, игнорирајќи помали или центристички опции. Причината е што AI ги предвидува најверојатните одговори, но не ја разбира политичката сложеност, а начинот на кој доаѓаат до резултатите е непрозирен.
За разлика од тоа, алатките како StemWijzer, Kieskompas и Wahl-O-Mat користат транспарентни методи и податоци за да ги усогласат вашите ставови со партиските платформи. Тие се помалку пристрасни и посигурни.
Сепак, AI може да биде корисен ако се користи за образовни цели: објаснува сложени термини, ги презентира партиските ставови и помага во факт-чекување. Контролирани AI системи, како Wahl.Chat, информираат наместо да препорачуваат, овозможувајќи ви да добиете повеќе детали за политичките теми и да донесете свесна одлука.
Никогаш не прашувајте AI „Кого да гласаам?“. Користете го за да разберете термини и политики, а конечната одлука донесете ја сами, користејќи и проверени алатки за гласање.